| четврток, 6 декември 2018 |

Убиство кај Бит-пазар – скопјанец застрелан обидувајќи се да убие

kalashnikov ak-47
Во жестока тепачка вчера кај Бит-пазар загинал еден скопјанец, јави полицијата.
Инцидентот се случил вчера во 3 часот на улицата Менделеева на Бит-пазар.
Двајца засега непознати вооружени со пиштол и автоматска пушка влегле во станот на двајца браќа кои, пак, храбро им се спротивставиле.
Браќата и насилниците почнале тепачка во која во еден момент еден од насилниците удрил еден од браќата со рачката од пиштолот. Другиот насилник во турканицата која настанала испукал куршум од автоматската пушка, при што го погодил другиот напаѓач кој починал на местото на настанот.
Насилникот, кој несакајќи си го убил партнерот, веднаш избегал од местото на настанот.
Полицијата работи на расветлување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top