Не е точна информацијата дека полицаец му напишал казна за сообраќаен прекршок на својот командир во Охрид. Од СВР Охрид ја демантираат информацијата која утрово ја објавија неколку локални охридски портали за подоцна истата да биде преземена од повеќето портали.
- Воопшто немаме таква пријава. Информацијата е неточна – велат од СВР Охрид.
Претходно, беше објавено дека полицаец му напишал казна на својот командир во висина од 800 евра откако го затекнал како претекнува на полна линија, а при тоа управувал нерегистрирано возило.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.