Неверојатни емоции во само неполни десет секунди и резултат за историјата. Јусеин Болт е нов олимписки шампион на 100 метри, со што е првиот во историјата, кој третпат по ред е олимписки шампион во најбрзата дисциплина на 100 метри. Тој го надмина Карл Луис кој двапати освојуваше олимписки злата и постави стандарди што тешко некој може да ги достигне.
Болт триумфираше со резултат 9,81 секунди и влезе во легендите. А неговиот голем конкурент, кој најавуваше дека може да го победи, Американецот Џастин Гетлин, го освои второто место (9,89 секунди), додека третата позиција му припадна на Андре де Грасе од Канада (9,93 секунди).
USAIN BOLT wins 100M RIO 2016 GOLD 9.81sec by situacijeliga
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)