| четврток, 6 декември 2018 |

Пристигнува помош и од Унгарија

crven-krst-pomos-25181

Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе пристигне помошта што ја испрати Унгарија за настраданите во поплавите во Скопско, преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Унгарија во Македонија, како и претставници на македонската влада.

Има најави за пристигнување на донациите и од Австрија, Словачка и од Бугарија. Со овие донации се зголемува бројот на држави кои донираат помош за поплавените региони во Македонија преку Механизмот за цивилна заштита на Европската унија, информираат од ДЗС.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top