По нападите од страна на Опозицијата на денешната собраниска седница и кај дел од опозициските медиуми дека полицијата не се ангажирала доволно во санација на штетите од поплавите, од МВР излегоа со демант во јавноста. Оттаму велат дека непосредно по случувањата на поплавите во регионот на Стајковци, Сингелиќ, Црешево и Арачиново и другите зафатени подрачја, МВР во континуитет ја информирало јавноста за ангажманот и бројноста на припадници на различни организациони единици на Министерството во пружање на помош на настраданите граѓани во посочениот реон.
– Како што е познато, токму припадниците на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи, Посебната единица за подршка и Единицата за јавен ред и мир заедно со припадниците на АРМ беа првите што на лице место учествуваа во спасувањето на граѓани во критичниот период на 06 и 07 август, а понатаму плански и континуирано се ангажирани за помош и санација на штетите од аспект на безбедноста на граѓаните во тој дел од скопското подрачје, велат од МВР.
Во соопштението, од МВР додаваат дека ги отфрлаат како крајно некоректни сите шпекулации како и политички изјави за наводно непостапување или отсуство на полициски службеници на критичните места во периодот на самите случувања како и во наредните денови.
– Имено на подрачјето на северната скопска обиколница во критичниот момент на 06.08. кога беше поплавена и оштетена, сообраќајот беше пренасочуван од клучка Хиподром до клучка Радишани и обратно, а согласно тековните распореди за работа од 08.00 до 20.00 часот од автопатската мобилна единица имаше една патрола од двајца полициски службеници, еден сменоводител и двајца самостојни инспектори, а од 22.00 часот уште една патрола, а откога почнаа поплавите се зголеми ангажманот на полициските единици така што освен автопатската полиција, ангажирани беа и пет патроли од Единицата за јавен ред и мир за пренасочување на сообраќајот на подрачјето на Гази Баба, а потоа беа ангажирани и специјалните единици, велат од МВР.
Министерството потенцира дека по поплавите во скопско ангажирани биле 243 полициски службеници и 50 возила, а од страна на Одделот за специјални полициски операции биле ангажирани 213 полициски службеници, 39 дефендери, еден џип чироки, еден хермелин, еден чамец, еден камион и еден хелихоптер со техничка опрема.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?