Непознат напаѓач за време на денешната неделна служба во една црква во Кентаки, САД, со нож ги нападнал верниците, при што посериозно повредил едно лице.
За среќа, полицијата успеала брзо да интервенира, пред да настрадаат уште лица кои во момнетот се нашле во верскиот објект, пишува Мирор.
Очевидци раскажале дека пред да пристигнат полицајците, неколу верници кои се нашле на местото на незгодата, успеале да го задржат напаѓачот пред да настрадаат уште лица.
Мотивот на напаѓачот се уште не е познат , а полицијата работи на расветлување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.