Пратеничката на СДСМ Софија Куновска на денешната собраниска седница посветена на поплавите понижи илјадници војници и полицајци кои секојдневно од утро до мрак помагаат во поплавените подрачја за санација на штетите. Куновска ги обвини дека два дена тие ништо не работеле.
– Полицијата и војската беа два дена исто така парализирани се додека не се случи преку телефон, преку медиумите блиски до власта да добиваат команди од Никола Груевски, рече Куновска од собраниската говорница.
Наспроти ваквите паушални обвинувања од Куновска, фактите говорат дека војниците и полицајците постојано се на терен и секојдневно се борат во расчистувањето на последиците. Првите неколку дена приоритет на војската и полицијата беше пронаоѓање на преживеани и починати, а потоа и расчистување на приодите и покрупните наноси за да може да се интервенира секаде.
– Од Одделот за специјални полициски операции во периодот од 06 – 12.08.2016 година ангажирани се над 2 000 припадници со ПМВ и специјални оклопни возила, механизација и хеликоптери, кои учествуваа во евакуирање на лица, потрага по исчезнати лица, укажување на медицинска помош и извлекување возила, чистење на поплавени куќи, испумпување на вода од дворови, чистење на јами, тампонирање на улици, чистење на речно корито и одводни канали. Од страна на СВР Скопје на дневна основа се ангажираат од 200 до 300 полициски службеници со околу 50 возила (24 часовно покривање на кризното подрачје) кои преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир на подрачјето зафатено со криза, изјави денеска вицепремиерот Никола Тодоров.
Тој нагласи дека во кризните региони на Република Македонија се ангажирани 564 лица од составот на Армијата на Република Македонија кои се распоредени во пет сектори. Од страна на дел од припадниците на Армијата на Република Македонија извршено е отстранување на последиците од елементарната непогода при што се исчистени преку 1000 куќи, голем број згради, најмалку 10 канали и клучните главни шахти.
Реплицирајќи и на пратеничката Даниела Рангелова, Куновска рече дека ако пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ излегла на терен ќе видела дека следниот ден Петре Шилегов одржал прес во Стајковци. За Куновска очигледно најголемиот доказ дека СДСМ помагал е одржаната прес-конференција на Шилегов.
– Манипулирате и лажете за Стајковци затоа што да бевте во Стајковци ќе видевте дека Петре Шилегов држеше прес конференција дента со Радмила Шеќеринска утредента сабајле, рече Куновска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)