Во полициската станица во Велес ноќеска било пријавено дека исчезнал 43годишен маж од скопското село Петровец, кој престојувал на езерото „Младост“ во Велес.
Како што соопшти МВР И.Р. (26) од Скопје, ноќеска 10 минути по полноќ, пријавил дека неговиот вујко Г.Д. (43) исчезнал. Г.Д. бил заедно со уште тројца пријатели кои на 13 август 2016 година престојувале на езерото „Младост“, а околу 19 часот влегол во езерото и потоа му се губи секаква трага. Во временски период од 00:30 до 3 часот од страна на УПС од СВР Велес, како и роднини на Г.Д бил извршен преглед на теренот околу брегот на езерото, при што лицето не е пронајдено. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.