По отровите од пчела и змија, нов хит помеѓу зависниците од „новитетите за убавина“ е кремата за слабеење на база на јастог. Се работи за крема на брендот DermaDoctor (Дерма Доктор), насловена Shrinking Beauty, што во себе содржи хормон кој го произведува јастогот, а им помага да останат витки за да можат да се движат слободно во својот оклоп.
Портпаролката на компанијата вели дека поради тој хормон жените кои ставаат од нивната крема треба да ослабат и додава:
-Учете од јастогот. Ова морско суштество знае како да ја задржи совршената фигура!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.