| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо предупреди: Некогаш нема да напаѓаме, туку ќе играме „грд“ фудбал

Манчестер Јунајтед ја отвора новата сезона во Премиер лигата со неделното гостување кај екипата на Борнмаут, а навивачите на „Црвените ѓаволи“ со нетрпение очекуваат да видат како Јунајтед ќе изгледа со новиот менаџер и неколкуте нови големи засилувања.

Сепак, мало разочарување за нив во пресрет на дуелот пристигна во вид на изјавата на Мурињо. „Специјалниот“ одлучи да ги предупреди, а со тоа и малку да ги разочара навивачите истакнувајќи дека Јунајтед нема да напаѓа цело време.

-Играв неколку пати против Манчестер Јунајтед и Јунајтед знаеше често да биде екипи која се брани. Кога бев на клупата на Реал игравме во Мадрид, а Јунајтед само два пати го мина центарот од игралиштето. Руни постојано беше на левата страна и го чуваше мојот десен бек. Манчестер Јунајтед често била екипа која е напаѓачки ориентирана, но таквите екипи мораат да постигнат повеќе голови отколку што примаат- изјави Мурињо и додаде:

-Ние сакаме да освојуваме трофеи. За победување во изолирани натпревари понекогаш морате да играте грд фудбал, но за освојување на трофеи морате да играте навистина добро- изјави Мурињо и продолжи зо своевидното оправдување:

-Влегувам во сезоната со тоа што некои од клучните играчи имаат само осум тренинзи со тимот. Едноставно е невозможно сега да бидеме на највисоко ниво, па така не очекувајте спектакл- заклучи „Специјалниот“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top