| четврток, 6 декември 2018 |

Жена со напишана порака на листа ограбила банка- се крие текстот на белешката

Полицијата во Солун бара жена која извршила необичен грабеж во Солун – само со помош на белешка напишана на рака. Таа ограбила банка во предградието „Епаноми“, соопштуваат грчките медиуми.

Жената влегла во филијалата како клиент и поднела белешка напишана на рака, на вработениот. Се тврди дека таа содржела закани, но не е јасно што точно пишувало. Исплашен вработениот и дал на жената 9.000 евра и таа тргнала непречено излегувајќи од зградата. Грабежот се случил вчера напладне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top