Македонската кошаркарска федерација денеска преку овластениот дистрибутер „Ticket Plus“ ги пушти во продажба билетите за „Трофеј Македонија“ кој ќе се оддржи од 17 до 19 август во СЦ „Јане Сандански“.
Во продажба се пуштени само дневни вилети за двата натпревари кои се по цена од 150 денари. Како што е познато покрај Македонија, годинава на турнирот ќе настапат и селекциите на Црна Гора, БиХ и Белгија.
Веќе од вчера е познат распоредот на натпреварите во кој Македонија сите три натпревари ќе ги игра во вториот термин, оној подицниот. Избраниците на Раца отвараат со Црна Гора од 19.00 часот на 17 август, за да ден подоцна од 20.30 часот ги одмерат силите со Белгија, а ќе завршат со мечот против БиХ исто така од 20.30 часот на 19 август
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.