Повратникот во репрезентацијата, искусниот Ѓорѓи Чековски, по завршувањето на „Трофеј Македонија“ вели дека е задоволен од трите настапи на нашиот национален тим, иако нагласува дека има уште простор за подобрување на играта.
Осврнувајќи се на се што мина зад нас изминативе три дена, Чековски смета дека напредокот е забележлив, особено во обраната, ја фали борбеноста на Стајиќ и Мекиќ, но вели дека треба уште да се работи во користењето на нашето најдобро оружје, а тоа е шутот.
– Ако се анализираат трите натпревари, може да се каже дека против БиХ игравме најдобро. Треба само повеќе да ја следиме играта, да ги откриваме слабостите на противникот и да ги користиме. Одбраната функуционираше доста добро на последниот меч а посебно ме изненади борбеноста на Стајиќ и Мекиќ. Со нивната агресивност во дефанзивата се буди борбеноста и кај нас, другите играчи – коментира Чековски и дополнува:
– Во нападот има доста работи да се корегираат. Шутот не не служеше, а тоа ни е најдоброто оружје, лошо е што имавме слаб процент на слободни фрлања, но, сето тоа мора да се поправи до август. Очекувам во следниве неколку дена најмногу де работиме на поправање на ефикасноста на шутот. Секако и дека ќе се види разлика кога ќе играме со Теодор во нападот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Селекторот Давитков добил отказ од клубот: Репрезентацијата на Македонија е една, клубови имало и ќе има
-
Македонските кошаркарки ги почнуваат подготовките за евро-квалификациите
-
Македонија против Словачка и Швајцарија во претквалификациите за ЕП 2021
-
Клучен меч за Македонија: Нашите кошаркари од 17.30 часот на мегдан со Естонија