| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола стартуваше со победа за Сити со пенал и автогол

mancester siti

Пеп Гвардиола имаше успешно премиерлигашко деби откако Манчестер сити славеше над Сандерленд со 2-1. Трите бода беа освоени многу потешко од очекувањата, со оглед на фактот дека на „граѓаните“ им беа неопходни пенал и автогол за да забележат триумф над „црните мачки“. Гвардиола се реши да го остави Џо Харт на клупата за резерви, давајќи му предност на Вили Кавалјеро.

Шпанскиот чувар на мрежата немаше многу работа, но сепак беше немоќен откако Дефо рутински го совлада на дваесетина минути до крајот, израмнувајќи на 1-1 откако Сити рано поведе со пеналот на Агуеро. „Граѓаните“ се мачеа да го најдат патот до мрежата на Сандерленд, но добија неочекувана помош од младиот гостински дефанзивец Мекнер, кој само неколку дена по трансферот од Манчестер јунајтед и четири минути по влегувањето во игра на денешниот дуел се покажа како трагичар на тимот на Дејвид Мојес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top