Откако загуби од Анџелике Кербер во полуфиналето, Медисон Киз доживеа уште еден пораз во мечот за бронзениот медал од Чехинката Петра Квитова.
Во тесен меч во три сета Квитова победи со 7:5/2:6/6:2. Во првиот сет, Киз двапати водеше со брејк и имаше 5:4 предност, пред Квитова да се врати со три гема едноподруго. Киз се врати импресивно во вториот сет, но на крајот немаше доволно сила за изненадување.
26-годишната Квитова двапати ја освои титулата од Вимблдон во 2011 и 2014 година, меѓутоа оваа година е посебно тешка за неа поради борбата со мононуклеозата. Таа во моментов е 14. на ВТА листата.
Во борбата за златниот медал ќе се сретнат најголемото изненадување на тенискиот турнир во Рио Моника Пуиг од Порторико и големата фаворитка и втор светски рекет Германката Анжелик Кербер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.