| четврток, 6 декември 2018 |

Евертон и Тотенхем ремизираа на стартот новата сезона во Премиер лигата (видео)

everton

Тотенхем, кој беше едно од најголемите изненадувања минатата сезона во Премиер-лигата, новиот шампионат го стартуваше со реми на гостувањето против Евертон. „Спарси“ можат да бидат и задоволни од освоениот бод со оглед на фактот дека Евертон водеше уште од самиот почеток со голот на Баркли, а згора на тоа Покетино остана и без помошта на првиот голман Уго Лорис, кој мораше да биде заменет уште во првото полувреме. Ворм со одлична интервенција спречи водство на „карамелите“ од 2-0, по што во вториот дел Ерик Ламела го постигна израмнувачкиот гол за Тотенхем.

Со идентични 1-1 заврши и дуелот меѓу Мидлсброу и Стоук. Алваро Негредо постигна гол за домаќините на својот камбек во Премиер-лигата, а бод за Стоук спаси Шакири со прекрасно изведен слободен удар.

Фер му ја донесе на Свонси победата на гостувањето против Барнли (0-1), додека ВБА славеше на гостувањето против Кристал палас со голот на Рондон во 74. минута.

Резултати:

Барнли – Свонси 0-1, Кристал палас – ВБА 0-1, Евертон – Тотенхем 1-1, Мидлсброу – Стоук 1-1, Саутемптон – Ватфорд 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top