| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометната класика заврши со победа на Хрватска, Словенија конечно запрена

hrvatska

Дерби дуелот на светскиот ракомет, Хрватска и Франција, го одиграа дерби дуелот од четвртото коло на ракометниот турнир на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро. Во мечот на двата последни олимписки шампиони Пешиќ му одбрани седмерец на Мишел Гигу на 10 секунди до крајот за победа од 29-28 (14-12) и пласман во осминафиналето. Со победа против Тунис во последното коло Хрватска ќе биде и прва во групата која ја започна со убедлив пораз од Катар.

hrvatska 1

Во текот на целиот натпревар „каубоите“ го диктираа темпото на игра не дозволувајќи им на „триколорите“ да го преземат водството. Франција на моменти стигнуваше до изедначување, но тоа беше се што направија избраниците на Клод Онеста.

Селекторот на Хрватска Бабиќ уште еднаш покажа дека може да ја мотивира неговата репрезентација кога е најпотребно против најсилните светски репрезентации, и почетниот висок пораз од Катар веќе е заборавен.

Во хрватската репрезентација се истакнаа Копљар со 6 и Штрлек со 5 гола, а кај Французите Гигу постигна 9 гола, а НГесан беше автор на 5 гола. Ова е прв пораз на Франција на Олимписки игри уште од 2008 година и Пекинг. Никола Карабатиќ постигна само еден гол, а Омејер имаше за него скромни 10 интервенции.

slovenija

Ракометарите на Словенија по три победи во низа попладнево го претрпеа првиот пораз на Олимписките Игри во Рио, губејќи во пресметката со европскиот шампион Германија со резултат .

Избраниците на Веселин Вујовиќ одлично го почнаа натпреварот и целосно го контролираа резултатот во првото полувреме. Германците благовремено се вратија и на одмор се замина со минимална предност на Словенија од 12-11, за европските прваци целосно да доминираат во преостанатите 30 минути, да го свртат резултатот во своја полза и на крајот да стигнат до значајна победа со која се враќаат на првото место во групата.

Генсхајмер со шест гола беше најефикасен кај Германците, пред Друкс и Рајхман со по пет погодоци, додека Доленец со шест гола од исто толку обиди беше најрасположен за игра во таборот на Словенија.

За одбележување е дека судии на овој натпревар беа Македонците Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, кои одлично си ја завршија работата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top