| четврток, 6 декември 2018 |

Енди Марај ќе има шанса да ја брани титулата од Лондон

endi marej

Енди Мареј ќе го брани олимпиското злато од Лондон, откако во полуфиналето славеше лесна победа над Кеи Нишикори во првото полуфинале во Рио.

Шкотланѓанецот многу полесно од очекувањата го „уништи“ Нишикори со 2-0 (6-1 6-4) во сетови за да обезбеди барем сребрен медал и да добие шанса за двојна олимписка круна.

Негов противник во финалето ќе биде подобриот од дуелот Рафаел Надал-Хуан Мартин дел Потро, кој почнува во 19.30 часот.

Денеска се игра и финалето во женска конкуренција меѓу Порториканката Моника Пуиг и германската шампионка од Австралискиот опен, Анџелике Кербер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top