САД планираат да го модернизираат своето нуклеарно оружје во Германија, пишува берлинскиот весник „Шпигл“.
Американците очекуваат до 2020 година да започнат сериско производство на атомски бомби од типот В61-12, кои ќе бидат распоредени, меѓу другото, и во воената ваза Бихел, во западниот дел на Германија.
Моментно во Бихел, според различни проценки, се наоѓаат од 10 до 20 нуклеарни боеви глави кои можат да ги носат германските авиони „Торнадо“.
Весникот наведува дека во 2010 година Бундестагот побарал да се почнат преговори со Вашингтон за отстранување на нуклеарното оружје од територијата на Германија.
Меѓутоа, германската влада тогаш истакнала дека не сака да презема еднострани чекори без договор со сојузниците од НАТО.
На почетокот на месецов Националната управа за нуклеарна безбедност на САД одобри почеток на технички подготовки за производство на нуклеарни бомби В61-12.
Според податоците на Пентагон, за 20 години трошоците за модернизација на нуклеарното оружје ќе изнесуваат од 350 до 450 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.