Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостуваше во ТВ Дневникот на Сител во врска со последиците од катастрофалното невреме и расчистувањето на зафатените региони. Ова е најголемата катастрофа по скопскиот земјотрес , имајќи предвид за тоа колкав регион е зафатен, во кој оштетени се 5.000 куќи и толку семејства.
Се работи максимално, посочи Груевски, наведувајќи дека 3.000 луѓе, волонтери и припадници на полицијата и армијата работат беспоштедно. Од волонтерите, додаде Груевски најголем дел се членови на ВМРО-ДПМНЕ. Како пример го посочи селото Страчинци, каде состојбата ден по поплавата ја опиша како ужасна. Таму каде главен проблем беше инфраструктурата, веќе е санирано, проодно е, не е целосно завршено, но возила може да се движат.
-Во Страчинци состојбата беше ужасна, со затрупани патишта по кои не можеше да се помине или да се пријде со возила за помош. Во таква состојба го напуштивме Страчинци , а веќе влчера, три дена подоцна, состојбата е различна, патот е расчистен, тампониран таму каде беше потребно, каде имаше дупки и кратери. Исто е и во Црешево- додаде Груевски.
Груевски изрази жалење за жртвите во катастрофата.
-Тоа е тоа што не може да се врати. Се друго ќе се надокнади, освен жртвите што ќе остане како трајна загуба. Ситуацијата на терен се гледаше уште првиот ден. Веднаш се виде со каква катастрофа се соочуваме. Во тој момент се зборуваше за 20 жртви сега се 22 има уште исчезнати може да бидат и повеќе- додаде Груевски изразувајќи жалење за загубените животи.
На терен масовно се работи на проценка на штетите, над 40 екипи се на терен, до вчера се извршени 1200 проценки, вчера 800, денеска се очекува исто толкава бројка на проценки, па од тој аспект се направи одлична организација и сето тоа побрзо да се заврши. Покрај тоа 1200 пумпи за извлекување на водата, луѓе за расчистување, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ околу помошта и проценката на штетите.
-Голем број на луѓе на терен немаат ништо, имаат се загубено, облека , документи, покуќнина. Дел од нив имаат куќи на два спрата па може да се сместат на горниот спрат кој е незафатен од водата, но оние чии куќи се на приземје, тие се најзагрозени- оцени Груевски.
ИЗразувајќи благодарност до компаниите и до хуманите граѓани кои помагаат, Груевски се осврна и на авансното исплаќање на отштетата, која е неопходна за дел од граѓаните во овој момент, се до исплаќање на целата штета.
-Ќе се изврши авансно плаќање, веројатно помал дел, но тој е значаен за граѓаните . Кога ќе се направат проценките ќе се доплати. авансната исплата е сега да се помогне каде е најпотребно. Луѓе спијат кај пријатели роднини, во прифатните центри, за нив е најпотребно авансната исплата- наведе Груевски во ТВ Сител.
Кон помошта во собирањето средства за настраданите, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ја истакна и одлуката функционери од партијата да одвојат барем 30 проценти од својата плата. Се надевам дека до крајот на следната недела ќе се заврши со ова собирање, а парите ќе бидат директно уплатени, додаде Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)