| четврток, 6 декември 2018 |

Нова несреќа во Македонија – Загина градежен работник по пад од петтиот кат

brzapomos4

Уште една трагедија утрово се случи во Македонија кога во 10 часот и 40 минути во Маврово починал градежен работник. Според податоците од полицијата, при работа на изградба на нов објект, поставување на плоча, од петтиот кат паднал 47-годишниот Џ.Ш. од селото Добри Дол-гостиварско, вработен во АДГ„Пелагонија“.

За жал, работникот починал на самото место при падот. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top