| четврток, 6 декември 2018 |

Волонтерите од Стајковци: Во селото почнува да се чувствува миризба, треба да се повлечат децата и старите (Видео)

По страшното невреме кое го зафати Скопје минатата сабота, едно од најпогодените места, скопското село Стајковци, се соочуваа со штетите што ги оставија  поплавите зад себе.

Во текот на вчерашниот ден, екипа на “Република” повторно го посети селото каде волонтери од цела Македонија, рамо до рамо со оштетените мештани и со припадниците на Армијата, помагаа во расчистувањето на штетите. Тие кои секој ден се на терен, за апелот на надлежните да се евакуираат децата и повозрасните жители на селото додека трае мерката за дезинфекција на нивните домови, коментираа дека е правилна одлука, затоа што веќе почнува во целото село да се чувствува непријатна реа.

За потсетување, инситуциите порачаа жителите на Стајковци да се сместат во домови на свои роднини и пријатели, а доколку немаат каде, да се обратат кај службениците од Министерството за труд и социјална политика кои се наоѓаат на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top