| четврток, 6 декември 2018 |

Базенот со зелена боја во Рио е затворен!

zelen bazen

Базенот во кој бојата од сина по неколку дена стана зелена е затворен и ќе биде надвор од употреба сè додека водата не ја добие старата боја, информираше Светската пливачка федерација (ФИНА). Високите температури и недостатокот од ветар беа главните виновници поради кои во базените се развиле алги кои на водата и дадоа зелена боја. За прочистување на базените првично беше искористен хлор и останати хемикалии за кои дел од спортистите се побунија дека им предизвикувале мачнини или пак болки во очите. ФИНА сето тоа го демантираше тврдејќи дека нема простор за страв од евентуална инфекција.

– Водата мора да биде стабилна за да се спречи понатамошниот развој на алгите и да започнат да делуваат хемикалиите. ФИНА може да потврди со сигурност дека причината за необичната боја е и недостаток на хемикалии кои се користат за прочистување на водата. Како резултат на тоа, ПХ вредноста е над границата на нормалното поради што е предизвикана промена на бојата. ФИНА спроведе тестови за квалитетот на бојата и заклучи дека не постои никаков безбедносен или здравствен ризик – стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top