| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачките групи „Комити“ и „Сити Парк Бојс“ помагаат во расчистувањето во Стајковци (Видео)

Жестоки на трибини, вредни на терен. Навивачката група „Комити“ заедно со навивачите на КК Работнички „Сити парк бојс“ неуморно работат на расчистување на куќите на најкритичните точки во Стајковци.

komiti-pomagaat-768x406

За навивачите нема одмор се додека целиот отпад не се извади од поплавените домови
Покрај работната сила, Комити собираат и хуманитарна помош. Додека тие расчистуваат, девојките од врата на врата ги разнесуваат намирниците кои им се неопходни на граѓаните.

Иако Стајковци полека излегува од калта, тесните улички и натаму остануваат најпроблематични.
Една недела по невремето, најголем дел од селото полека почнува да се враќа во нормала. Се врши дезинфекција, лекарските тимови од врата на врата делат совети за граѓаните. Никој нема дилема. Стајковци повторно ќе биде пријатно место за живеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top