| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли колку навистина е златна олиписката медалја? (Видео)

Медалјите за најдобрите олимпијци се изработуваат во мала фабрика во Санта Круз, на седумдесетина километри од Рио.

58695085057acf45a944c1033463398_640

Симболите на победата минуваат низ детален машински процес, а оние за најдобрите и низ посебна “златна купка”.

Златната медалја за спортистите секако нема цена, бидејќи таа чини цела кариера работа, напор и многу одрекувања, но сепак за неа може да се залепи и парична вредност – точно 529 евра.

И иако е тешка половина килограм, само шест грама се всушност вистинско злато, додека преостанатите 494 грама се сребро.

Последните олимписки медалји коишто биле изработени од чисто злато биле делени во 1912-та година во Стокхолм.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top