| четврток, 6 декември 2018 |

Волонтерите од Стајковци порачаа: Тука сме за да помогнеме, денес, утре и кога ќе затреба пак ќе бидеме тука (Видео)

По невремето кое го зафати Скопје во саботата, едно од најпогодените места, скопското село Стајковци, се соочуваа со штетите што ги оставија  поплавите зад себе.

Припадниците на Армијата им помагаа на мештаните во расчистувањето и можеа да се видат во секој двор, а  волонтери од цела Македонија беа дојдени на помош. Оние кои вчера екипата на „Република“ ги затекна пред оперативниот штаб на АРМ, каде што чекаа распоредување, одлучни да им помогнат на мештаните, порачаа дека сѐ додека има потреба од помош, тие ќе бидат во селото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top