| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија и Црна Гора заслужуваат прием во НАТО

Американскиот републикански конгресмен од Охајо, Мајкл Тарнер повика за прием на Македонија и Црна Гора во НАТО. Според него, нашата држава и Црна Гора имаат напредок и треба да бидат охрабрени да продолжат да земаат проактивни чекори.
majkl tarner
– Членството во НАТО ја подобрува регионалната сигурност и дипломатските односи и е чекор напред кон членство во Европската унија. Но, оваа администрација не успеа да го промовира проширувањето на НАТО и прави малку за да ги охрабри нашите транс-атлански партнери. Се плашам дека ова запоставување доаѓа во клучно време за многу држави аспирантки, особено на Балканот, кои направија сериозни чекори за да им се приклучат на своите демократски партнери. Ние треба да го промовираме проширувањето на НАТО и да ги наградиме Македонија и Црна Гора, со што ќе ги охрабриме и аспирантите во Босна и Херцеговина, Косово и Србија – изјави Тарнер, кој е член на македонската група во Конгресот на САД.
Тарнер зборуваше на вчерашната седница на Хелсиншката комисија на САД, посветена на состојбата во Албанија во пресрет на изборите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top