Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ и „Капка“ ги отвораат вратите за сите заинтересирани дизајнери од Македонија и регионот да учествуваат на првото издание на саемот за накит и модни додатоци „Накит 2016“.
Настанот, кој ќе се одржи на 7,8 и 9 октомври 2016 во центарот за дизајн и иновации „Јавна соба” ќе биде збогатен со дополнителни активности како предавања, презентации и работилници.
На саемот може да учестуваат сите изработувачи и дизајнери на накит, како и автори и уметници од други области кои го користат накитот како форма на уметност и средство за креативно изразување и кои се фокусирани на нови, иновативни и свежи идеи.
Саемот има интернационален карактер и нема ограничување во однос на употреба на материјали, форма и концепт на парчињата кои ќе бидат изложени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.