| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот премиер со контроверзна изјава: Македонците и Бугарите до 1945 година беа еден народ

Бугарија и Македонија делат заедничко минати и треба да негуваат блиски соседски врски, истакнал денеска бугарскиот премиер и министер за надворешни Марин Рајков, пренесува novinite.com.

–      Сите бугарски институции и сите Бугари знаат многу добро дека европската перспектива на сите наши соседи е позитивна тенденција која ја поддржуваме. Во случајот со ПЈР Македонија, ова може да се случи само и единствено, ако, во согласност со европските барања, Скопје создаде атмосфера на добри односи со сите соседи, особено со членките на ЕУ, Бугарија и Грција, рекол Рајков.

Рајков во неговата контроверзна изјава тврди дека Македонците и Бугарите биле ист народ пред Втората светска војна.

–      Република Македонија дели со Бугарија заеднички лингвистички традиции, заедничка историја и заедничко минато. До 1945 година ние бевме дел од ист народ, рекол бугарскиот премиер и додал:

–      Се разбира, ние ја признавме независна Македонија, но има историски факти кои исто така мора да се признаат, рекол Рајков.

Рајков повторил дека Бугарија бара да се потпише таканаречен договор за пријателство врз основа на декларацијата од 1999 година за добрососедски односи. Според него, Македонија ја прекршила декларацијата поради што е потребно да се подготви и потпише нов договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top