Вчера на официјалната страница на СДСМ беше објавено видеото со кое опозиционерите сакале да прикажат како нивната заменик- претседателка, Радмила Шекеринска, заедно со волонтери и активисти ги посетува населените места погодени од поплавите во Скопско. Но, место тоа, со снимката Шекеринска успеа уште еднаш да се посрами и тоа пред народот кој сега е најпогоден од штетите од поплавите.
Како што може да се види на снимката, жената што ја пречекува Шекеринска ѝобјаснува дека во поплавата го загубила сопругот и плачејќи ѝ вели: „Чичко ти Столе да стане, да види..“!
На тоа, Шекеринска и одговара: Немојте да станувате! …Нека седи“. Оваа реакција на заменик-претседателката на СДСМ вчера згрози многумина. Нешто такво само покажува отсутност од моменталната ситуација и ароганција што доведува до гадење.
Место за помош, само за сликања, дојдена само за да ја фатат камерите на погодените места од поплавите. Како што може да се види на снимката, само гледа во камерите и воопшто не ги слуша луѓето кои во моментов се на најголема мака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)