
Невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер вчера доцна попладне и во вечерните часови го зафати Неготинско, а во околината на Куманово е регистрирана и појава на град, соопштуваат од УХМР.
Локална појава на пороен дожд и грмежи се регистрирани во северните и во источните делови од Македонија. Во текот на ноќта, како што наведуваат од УХМР, на повеќе места имало појава на слаб дожд. Според мерењата на Управата, за изминатите 24 часа, до 8 часот изутринава се наврнати 6 литри на еден квадратен метар во Демир Капија, 3 во Берово и еден литар на квадратен метар во Маврово.
Денеска времето ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со слаб локален дожд претпладне. Подолги сончеви периоди ќе има во источните делови. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Дневната температура ќе биде значително пониски во однос на претходните денови и ќе достигне од 21 до 27 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и ветровито со температура до 23 степени.
За време на викендот времето ќе биде стабилно, но утре сѐ уште повремено ќе дува умерен до засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура постепено ќе расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


