| четврток, 6 декември 2018 |

Удри гром на сред фудбалски натпревар, играчите бегаа во соблекувална (видео)

Силен удар од гром во Горни Милановац, Србија го прекина натрпеварот од суперлигата меѓу Металац и Младост од Лучани на десетина минути.

Главниот судија не морал да го покаже патот кон соблекувалната, затоа што исплашените фудбалери веднаш истрчаа кон излезот, а локалното дерби е продолжено кога облаците над Милановац се смириле. Камерата која го забележи моментот на ударот во близина на стадионот сериозно се затресе, а на 5:00 во видеото ќе го видите моментот кога се стресе се во моментот на силен звук кој го преплаши стадионот.

Инаку натпреварот заврши со победа од 2-0 на домаќините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top