Во поплавите од 6 август што зафатија повеќе делови на Скопје настрадаа домовите на голем број припадници на Министерството за внатрешни работи.
Според податоците кои се утврдени на терен од службите на Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат(МПС), оштетени се домовите на 135 припадници на МВР.
Според податоците на службите нема настрадани наши колеги или членови на нивните семејства.
-Со цел да им се помогне на нашите колеги Министерството и Синдикатот покренуваат повеќе акции. Во тек е акција за задршка на платата на вработените во МВР од по 100 денари, кои ќе бидат доделени на сите вработени во МВР кои се оштетени од поплавите. МПС од Солидарниот фонд , дополнително ќе додели по една просечна плата за настраданите членови на МПС. Од друга страна, пак, Министерството и МПС организираат акција за дистрибуција на специјални маски за заштита од бактерии и вируси и медицински ракавици за сите ангажирани колеги кои пружаат помош на оштетените во поплавата, соопштуваат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МВР потврди: Лице од битолско виновен за оштетените камења на македонско-грчката граница
-
МВР: Добивме потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Унгарија и дека побарал азил
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење ксенофобичен материјал на социјални мрежи
-
МВР не знае колку малолетници се исчезнати во државата: Каква статистика води полицијата за исчезнатите лица?