| четврток, 6 декември 2018 |

Јовановски: Да сум на местото на Жерновски ќе ги кажам имињата на митаџиитe

Потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски, кој влезе во трката за претседателската фотеља на најголемата опозициона партија, денеска соопшти доколку го наследи местото на Црвенковски ќе формира влада во сенка до крајот на годината.

–  Јас мислам дека формирањето на влада во сенка мислам дека ќе помогнеше, проценката беше во дадените околности дека таа треба да почека за понатаму, мислам дека нема повеќе време за чекање за Влада во сенка и мислам дека до крајот на годината би морала да биде објавена и формирана, изјави Јовановски.

Јовановски рече дека не го смета ниту за хендикеп ниту за предност фактот што новиот претседател на СДСМ ќе го бираат делегати кои се избрани во 2011 година.

– Видете Јас ниту ги бирав делегатите, ниту на било кој начин го сметам за предност ниту за слабост. Делегатите се тие кои што се избрани и на крајот мислам дека секој од кандидатите ќе треба добро да се потруди околу својата програма и презентацијата на своите идеи за да ја добие довербата на делегатите, одговори Јовановски на новинарско прашање.

 

Актуелниот потпретседател на партијата вели дека доколку тој би се нашол на местото на Андреј Жерновски би ги соопштил имињата на оние кои му понудиле мито.

  – На ова прашање не одговарамво името на партијата, туку ова го разбирам како прашање поставено до Кандидат за Претседател на СДСМ, Јас мислам дека ако има таков пример во интерес на сите е тоа да биде објавено, рече Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top