| четврток, 6 декември 2018 |

Координативен состанок на градоначалниците од скопскиот регион за санирање на штетите

koordinativen koceСкопскиот градоначалник Коце Трајановски и претседателката на Советот на Град Скопје Ирена Мишева денеска одржаа координативен состанок со градоначалниците од скопскиот плански регион за дополнително интензивирање на активностите во расчистувањето на последиците од саботното невреме што го зафати Скопје.

Трајановски, како што информира Град Скопје, изразил благодарност до градоначалниците за досегашната поддршка и активностите на терен и побарал од општините да се вклучат со дополнителна помош и тоа хуманитарна помош, работници и механизација. Во однос на механизацијата, Трајановски информирал дека на терен се потребни мали камиони – скипери.

Градоначалниците истакнале дека нивни екипи се веќе активни на терен и најавиле дека ќе пратат и дополнителна помош. Исто така, ќе се апелира и од приватните фирми со кои соработуваат да обезбедат дополнителна механизација.

Екипите на Град Скопје ќе останат во погодените подрачја сè додека не се создадат услови граѓаните да се вратат во своите домови, се наведува во соопштението од Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top