Турција поднесе официјално барање до Грција за екстрадиција на осумтемина Турци кои избегаа во Александруполис по неуспешниот обид за државен удар минатиот месец. Според некои турски медиуми, документите за предметот и барањето за екстрадиција биле испратени вчера од страна на турското Министерство за правда до колегите во Атина.
Шестмината пилоти и двајца инженери сѐ уште се во полициски притвор во Атика и чекаат одговор на нивното барање за азил. Нивните апликации ќе бидат разгледани на 19, 23, 24 и 25 август.
Турција сака да им се суди под обвинение за прекршување на Уставот на земјата, за обид да извршат атентат врз турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и за учество во државниот удар.
Сите осуммина ги отфрлија обвиненијата и велат дека се плашат дека ќе бидат убиени ако се вратат во Турција. Нивниот грчки адвокат Ставрула Томара за „Катимерини“ изјави дека нејзините клиенти само следеле наредби од нивните претпоставени и немале никаква поврзаност со државен удар.
Таа, исто така, инсистираше на тоа дека било невозможно тие да биле вклучени во обидот за атентат против Ердоган затоа што биле 30 километри североисточно од Истанбул, што е далеку од Мармарис, каде што турскиот претседател се наоѓал за време на државниот удар.
Томара, исто така, изрази стравување дека Турција ќе го искористи прашањето за екстрадиција за да се укине договорот меѓу Брисел и Анкара од март минатата година за мигрантската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа