Водачот на британската група „Колдплеј“, Крис Мартин, важи за еден од пејачите со најголем број обожателки, па често добива разни љубовни понуди.
Последна во низата беше понудата на една девојка која за време на концерт на групата извика: „Крис, води љубов со мене“.
Но, ваквата понуди не го збуни Крис и тој досетливо ѝ одговори на девојката предизвикувајќи смеа во публиката.
– Тоа е прекрасна понуда. Но, прво треба да те изведам на вечера. Знаеш веќе како оди тоа – одговори Крис на „непристојната понуда“.
Групата „Колдплеј“ во моментов се наоѓа на светска турнеја на која го промовира својот нов албум „A Head Full of Dreams“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


