Македонскиот тенор Благој Нацоски и Италијанката Марчела Орсати Таламан која моментно е една од најдобрите сопрани во светот се годинешните гости на Божиќниот концерт на камерниот оркестар „Скопски солисти“ што ќе се одржи вечерва, во 20 часот во скопската Универзална сала.
На програмата на концертот кој веќе е традиционален и се одржува по 12. пат ќе се изведуваат дела од Бизе, Респиги, Хендл, Штраус, Моцарт, Шуберт, Адам и Грубер. Диригент на концертот е гостинот од Италија, Алесандро Д’Агостини, кој посебно за овој концерт ги подготви аражманите за изведбата на суитата на „Кармен“ од Жорж Бизе.
Концертот на „Скопските солисти“ се одржува во соработка со Универзална сала, а под покровителство на Министерството за култура и е поддржан од Град Скопје, како и од повеќе традиционални спонзори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


