Неретко читаме и гледаме телевизиски прилози за странските естрадни ѕвезди кои поминале извесен период зад решетки. Дали заради дрога, брзо возење, насилство или проблеми со даноци, барем еден ден биле зад решетки. Еве како со тие искуства стојат балканските ѕвезди.
Аца Лукас
Фолк пејачот бил уапсен во акцијата “Сабја” по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, а потоа осуден на четири месеци затвор заради нелегално поседување на оружје.
Цеца Ражнатовиќ
Истата акција била причина да се упаси и најпознатата српска естрадна ѕвезда поради поврзаност и контакти со некои лица од белградското подезмје. Осудена е за друго дело, непријавување приходи и даноци од продажба на фудбалери на клубот Обилиќ кој всушност бил во сопственост на нејзиниот сопруг Аркан, но формално клубот го водела Цеца Ражнатовиќ..
Џеј Рамадановски
Популарниот пејач поминал затворески денови заради брзо возење под силно дејство на алкохол. Негова среќа, вели тој, е што делото и казната биле извршени во Шведска каде имало солидни услови за живот во затворот.
– Поминав шест години во поправен дом, па не ми беше тешко да се адаптирам на затворот во Шведска, изјавил тој.
Здравко Чолиќ
Упасен бил во осумдесеттите, во време на неговата најголема слава, и тоа во Охрид. Бил фатен на охридскиот аеродром кога кај себе имал големо количество девизи, странски пари, за кои немал доказ дека се негови, или потекнуваат од банкарска сметка.
Бора Чорба
Пејачот кој се прослави со популарната група Рибља чорба, прв пат бил упасен уште како средношколец кога одлежал една недела во истражен затвор. Обивале станови и краделе, а со зработените пари, како што рекол самиот Бора, купувале иснтрументи за групата.
Ана Николиќ
Пред околу четири години полицијата ја стопирала Ана Николиќ додека возела, а потоа констатирала дека има дури 2,3 промили алкохол во нејзината крв. Во возилото била со својот брат. По запирањето Ана физички ги нападнала полицајците, по што била приведена и задржана во притвор.
Гога Секулиќ
Пејачката била уапсена на хрватската граница откако било утврдено дека вози украдено Ауди. Во полиција минала 24 часа во притвор каде била и испитувана. Тепачка во Прилеп по расправијаза давање помош на поплавените
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Скандал во Идризово: Повеќе од два месеца нема лекови во затворот
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Разрешен директорот на затворот во Струга
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија