| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто некои пливачи на ЛОИ носат по две капи?

Дали сте забележале дека некои пливачи носат по две капи на глава?

Унгарската пливачка Катинка Носцу веднаш откако го освои златниот медал ја извади својата капа и откри дека зад неа се крие уште една.

Таа не е единствената натпреварувачка што носи по две капи. Мајкл Фелпс и Кејти Ледеки, американските натпреварувачи, исто така, носат по две капи.

zoshto-plivacite-na-olimpijadata-nosat-po-dve-kapi-2

Постои добро објаснување за тоа.

Првата причина е прилично едноставна, логична и јасна: двете капи им помагаат на пливачите да ги зацврстат добро пливачките очила кои ги носат за да не им се наполнат со вода.

Втората причина е прилично интересна: двете капи се направени од различни материјали, првата обично е од латекс, кој подобро стои на главата, но се собира,

а втората капа е направена од силикон и не се собира. Тоа значи дека пливачот ем ќе има помал отпор од водата ем побрзо ќе може да плива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top