Американскиот тим од соништата во финалето на кошаркарскиот турнир ја победи Србија со 30 поени разлика (96:66), a американската телевизија „Ен-Би-Си“ одлучи да ги едуцира гледачите и да им покаже каде е Србија на карта.
Но, Американците направија голем гаф и ја објавија старата карта на која Косово е во состав на Србија. Интересно е тоа што САД е една од првите држави што го признаа Косово во 2008 година.
Да се потсетиме, Косово во Рио првпат настапи на Олимписки игри и веднаш освои златен медал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.