Турската полиција уапси 112 претставници на бизнис-фелата во неколку области од земјата.
Уапсените бизнисмени се обвинети за поврзаност со исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кој живее во егзил во САД, а кого турските власти го сметаат за одговорен за обидот за преврат на 15 јули.
Тоа е уште една од серијата акции на власта, во кои над 16.000 лица беа официјално уапсени по неуспешниот обид за воен удар. Освен тоа повеќе од 60.000 државни службеници беа отпуштени од работа.
Турската влада тврди дека сите тие се поврзани со Ѓулен, кој е обвинуван од властите дека управува „паралелна држава“ преку своите приврзаници, кои се наоѓаат во државните институции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.