| четврток, 6 декември 2018 |

Спасов: Процесот на вадење вода од куќите е речиси надминат (Видео)

-Во Стајковци со оглед на фактот дека беше најнаселеното населено место од поплавените, од ден на ден ситуацијата значително се подобрува. Над 80 проценти од куќите беа зафатени од полавите, вели Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов за ТВ Нова.

Тој додава дека сите мораат да го разберат обемот на катастрофата што се случи во Скопско, а за која што метеролозите велат дека е феномен што се се случува еднаш во 1.000 години.

-Стајковци е под планински и ридки простор, па можеме да претпоставиме колава маса се има спуштано до селото. Денеска е воспоставен посебен оперативен штаб од страна на армијата, во координација со припадниците на војската, полицијата и голем број работници. Голем број општини ги испратија своите работници од претпријатијата. Сите институции на локално и државно ниво се вклучени во борбата со штетите и постигнавме голем напредок. Во моментов имаме околу 1000 работници распределени по најкритичните места кои го вадат шутот од дворовите, појасни Спасов.

Министерот истакна дека процесот на санирање на штетите и вадење на водата од куќите е речиси надминат, а останати се уште неколку улици на кои се работи на повлекување на водата. Како што вели, следи процес на вадење на калта, а над 50 проценти од домовите се исчистени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top