Универзитетскиот сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе доделува стипендии на студентите запишани во прва година на прв циклус студии на факултетите при Универзитетот во учебната 2013/2014 година.

Како што соопштија денеска од Универзитетот, за следната учебна година ќе бидат доделени 230 стипендии, распоредени по 10 за секој факултет.
Износот на секоја стипендија е во висина на партиципацијата утврдена со конкурсот за соодветниот факултет, односно за студиската програма. Стипендијата ја покрива школарината за првата година од студиите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


