Од Прилеп утрово, втор ден по ред, заминаа доброволци да помогнат во расчистување на последиците по невремето во Скопско.
Кон скопско Стајковци заминаа волонтери од водостопанското претпријатие „Прилепско Поле“, прилепскиот Тутунски комбинат, екипи од противпожарната единица, од Македонски шуми „Црн бор“, од јавните комунални претпријатија „Комуналец“ и „Водовод и канализација“, од Службата за итна медицинска помош, како и граѓани опремени со лопати, чизми и механизација.
Според Борис Јованоски од Македонски шуми, подружница Прилеп, кој и вчера беше на теренот, глетките се стравотни, а луѓето кои помагаат ги има од цела Македонија.
– Одиме вторпат во Стајковци. Состојбата таму е загрижувачка, но навистина пожртвувано помагаат екипи и доброволци од цела Македонија. Сепак, глетката е стравотна. Луѓето таму се многу ожалостени и исцрпени. Повторно одиме во Стајковци и ќе помагаме колку што можеме и колку што е потребно – изјави Јованоски.
Прилепската локална самоуправа и денеска го отвора телефонскиот број 048/401 701 за сите волонтери што сакаат да се пријават за помош во расчитувањето на поплавените куќи во Скопско, при што сите доброволци треба да остават име, презиме и телфонски број за контакт.
Воедно, граѓаните може да продолжат да донираат и парични средства преку телефонскиот број за донации 143 400 од сите мобилни оператори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.