СДСМ почна негативна кампања против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Причината за оваа црна кампања е присуството на Груевски на терен каде со сите сили и расположливи ресурси му помага на оштетеното население. Како дел од таа црна кампања се натписите во медиумите контролирани од СДСМ дека било скандал што Груевски давал насоки, координирал и го посетувал погоденото население, притоа заборавајќи го фактот дека на поплавените граѓани воопшто не им е важно кој делел наредби и кој координирал, туку најважна им е помошта од институциите во расчистувањето на нередот, нормализирањето на состојбата и обезбедување на минимални услови за живот. Се што доаѓа од таму е парадерство и внесувањето негативна енергија, праќањето луѓе кои наводно треба да помогнат, а не помагаат ништо и само чекаат некој од власта за да почнат да му викаат како наводно револтирани граѓани. Единствено се води политика врз маката на населението погодено од поплавите,
Очигледно СДСМ задлабочени во сопствената кал, безидејност и неможност да се идентификува како сериозен политички фактор, продолжува со чекори за кои мислат дека на кус рок ќе им донесат ситен политички поен. Наместо реална помош, на терен активизмот на СДСМ се состои во герила акции, нешто што нивните перјаници не го кријат.
Ленче Николовска на Фејсбук веќе отворено повикува на тоа. За посетите на Груевски вели:
“За ова зборувавме дека ова требаше да се спречи”.
“Мора герила акции за да се спречи…”.
Синоличка Трпкова за Груевски вели: “Под итно да му се забранат такви недозволиви потези во демократијата…” Со ова таа практично бара на Груевски да му се забрани контакт со народот.
СДСМ по којзнае кој пат покажуваат оттуѓеност од народот и незаинтересираност за илјадниците погодени од невремето. Нив не ги интересира и затоа не ни прашаа на терен што им е потребно на жителите туку единственото што го прават се обиди за внесување на гнев и дополнителна омраза. Додека институциите и функционерите се постојано на терен со народот и помагаат, СДСМ денот го поминува во потсмев и подметнувања од страна на членовите на опозицијата кои имаат задача само да ги исплукаат функционерите кои деноноќно се на терен, тоа да го снимат на еден или два медиуми блиски до СДСМ и тоа да го прикажат во јавноста како револт на граѓаните.
Во овие тешки моменти СДСМ дава се од себе да оствари ситни политички поени газејќи по судбините на настраданиот народ. Најновиот срам во нивното однесувања е најавата за протестот мотивиран од партиски цели кој ќе се одвива преку невладината мрежа на Сорос. Кога веќе се зборува за одговорност јавноста знае дека една од главните причини за поплавата е водата која се влеваше во обиколницата и се насочи кон Стајковци а лошата изведба е резултат на проектот за обиколницата изработен од СДСМ и нивната влада.
Се јави и Ивет Ѓорѓиева, која се обиде вината за елементарната непогода, природната катастрофа да ја препише на некои „антички будали“ алудирајќи на „античките Македонци“ од кои целата соросоидна свита се оградува.
Професорот Шукаров, кој како човек во години би очекувале да се однесува поодговорно и да не дава паушални коментари со кои се деградира катастрофата, и се плука врз загинатите. Тој пак се израдувал што имало жртви бидејќи сега „ќе се разбудел народот“.
Тука е и Бранко Тричковски кој напиша дека „Поплавата е мочка со која Господ се обиде да го одлепи вмровското говно од ве-це школката на Историјата!“, и побара да се убие Македонија бидејќи се давела во кал. “
Тие неможејќи како на друг начин да напакостат, се чувствуваат загрозени од постојаното присуство на Груевски на терен, кој за неполни три дена посети над 15 населени места од најпогодените подрачја од поплавата. Па така, го обвинија Груевски за невреме какво, според експертие се случува еднаш во 1000 години, го обвинија за разрушената патна инфраструктура, за автопатот чиј фаличен проект самите тие го направија, за поплавените куќи и улици.
Го обвинија дека давал наредби на началникот на Генерал штабот, иако од снимката јасно се гледа дека тој љубезно го моли да испрати засилување со војници, или пак дека му давал инструкции на премиерот Емил Димитрив, иако од снимките се гледа дека тој само предлага и дава идеи, мислења и совети од неговото искуство во слични ситуации во минатото.
Опозицијата дури го обвини и Груевски дека ги строел министрите, иако јасно се гледа од снимките дека тимски и низ отворен дијалог се трудат да се донесат најквалитетни одлуки за помошта на настраданите подрачја. Се занемарува и фактот дека Груевски е претседател на најголемата партија со најголема доверба меѓу народот и тој е должен да се осигури дека луѓето кои неговата партија ги делегирала на одредени позиции во овие критични моменти го прават најдоброто за граѓаните и најприоритетното.
На избори народот гласа за партии, а партиите потоа составуваат и менуваат влади. На следните избори партиите ќе даваат отчет и ќе бараат поддршка, а не Владата. Пред се тоа ќе го прави лидерот на партијата и тоа е така во секоја демократија.
Згора на тоа организацијата на братучедот на Радмила Шекеринска, Никола Наумовски повика и на протест против Коце Трајановски и побараа оставка. По таа логика, СДСМ треба да бара оставка и од Обама, Меркел или Путин, во чии земји кои се поразвиени и со позначително решена инфраструктура, имаат претрпено значителен број на жртви и штети токму како резултат на временски непогоди.
ПОПЛАВИ
-2016 Франција, Германија, Австрија – повеќе од 20 загинати, штета поголема од 2,5 милијарди евра
-2014 Јужно-европски поплави (Србија, БиХ, Хрватска, Романија, Унгарија и др) – 86 загинати, штета повеќе од милијарда евра
-2014 Поплави во Бугарија – 16 мртви
-2013 година Европски поплави (Австрија, Чешка, Германија, Унгарија, Полска, Словачка, Швајцарија) – 25 жртви, штета од 12 милијарди евра
-2012 година поплави во Русија (172 мртви), Британија (9), Романија (5)
-2011 година Франција, Италија, Ирска (Европски поплави 2011) – 17 мртви
-2010 година, Европски поплави (Полска, Австрија, Чешка, Германија, Унгарија, Словачка) – 37 мртви
-2010 годиниа поплави Франција, 25 мртви
-2009 година поплави: Европски (Австрија, Чешка, Унгарија, Полска и др.) со 33 мртви, Италија 31 мртов, Турција 31 мртов
-Европски поплави 2005 – 62 мртви во Романија, Бугарија, Швајцарија, Австрија и Германија
НЕПОГОДИ
-Хаити, земјотрес, 2010, повеќе од 160.000 жртви
-Ураган Катрина, Њу Орлеанс 2005, повеќе од 150.000 жртви
-Цунами во Индиски океан, 2004, 280.000 жртви
-Циклонот Наргис, Мијанмар, 2008, 138,000 жртви
-Земјотрес во Кашмир, 2005, 75,000 жртви
-Сичуан, земјотрес, 2008, 70.000 жртви
-топлотен бран во Русија, 2010, 56.000 жртви
-Земјотрес во Иран, 26.000 жртви
-земјотрес во Непал 2015, 8.000 жртви
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!