| четврток, 6 декември 2018 |

Како се игра румба на песна од Тоше (Видео)

Александар Белов и неговата партнерка Марина Овезовска, иако во последен момент ја променија планираната песна, добро се снајдоа во румбата и тоа на „Слушаш ли?“ од Тоше Проески.


Сепак, во деветтата емисија од шоуто „Танц со ѕвездите“, тие повторно имаа најмал број гласови, но не испаднаа. Веќе се знаеше дека Јелена Јованова ќе го напушти шоуто поради работни обврски во Лондон, па Александар и Марина останаа меѓу тројцата најдобри. Ова е втор пат тие да се провлечат бидејќи имаа најмалку гласови и во емисијата кога испаднаа Васил и Наде, за кои прерано заврши натпреваруањето само поради повредата на Зафирчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top