| четврток, 6 декември 2018 |

Според Weather Channel невремето во Скопје речиси е невозможно да се предвиди

Stracinci 8.8.2016 (6)

Невремето кое го зафати Скопје во саботата, однесе 22 животи и оштети многу домови во населените места во скопско е дел од анализите на светските и стручните медиуми.

Според експертите од американскиот Weather channel, обилниот дожд кој се истури над главниот град на нашата држава бил ненадеен и многу тежок да се предвиди, а американските метеоролози го споредуваат со невремето кое можело да се види во Западна Вирџинија на почетокот на јуни и во кое загинаа 23 лица, уништи 1200 домови и причини огромна материјална штета.

Weather Channel е еден од многуте медиуми ширум светот кои известуваат за ужасната природна катастрофа во Македонија. Британски Телеграф, за невремето напиша: „Обилен дожд, силен ветер и засилено електрично празнење го погодија градот и неговите северени предградија, доцна саботата. Специјални сили на полицијата, единици на армијата и противпожарни единици беа пратени во најпогодените подрачја, како и во населените  места Стајковци, Смилковци и Арачиново. Стотици домови и возила беа уништени од поплавите, патиштата се се уште непроодни, а неколку региони се без електрична енергија“.

Покрај Телеграф , за невремето со слична реторика пишуваат и CBS News, The Wall Street Journal, BBC, CNN….

Прилогот на Weather Channel погледнете го ТУКА

Ваквите временски непогоди, со обилни дождови и силни електрични празнења се се почести насекаде низ светот, истите резултираат со многу изгубени човечки животи и големи материјални штети, без оглед на големината или моќта на земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top