| четврток, 6 декември 2018 |

Погба се врати дома: Уживав во Јувентус, но дојде време да се вратам на „Олд трафорд“

Францускиот репрезентативец Пол Погба е нов играч на Манчестер јунајтед. Пристигна од Јувентус во трансферот вреден 105 милиони евра плус евентуалните бонуси. Враќањето на Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед доби и официјална потврда од клубот од „Олд трафорд“.

-Нема зборови со кои можам сето да го опишам. Многу сум среќен, видов познати луѓе, а чувството е одлично. Вистински сум среќен што сум повторно во Јунајтед и се радувам што ќе работам со Мурињо – изјави Погба.

Уживав во Јувентус, имам фантастични спомени и пријатели меѓу играчите од „старата дама“. Но, дојде време да се вратам на „Олд трафорд“, додаде францускиот репрезентативец.

Погба има 23 години, а во Јувентус помина четири сезони, во текот на кои одигра 124 натпревари и постигна 24 гола. Во Торино дојде во 2012 година. За француската репрезентација има 38 настапи, а постигнал шест гола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top