Нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер најавуваат метеоролозите за попладневните часови. Во западна Македонија се очекува силно невреме со обилни врнежи и можност за изолирана појава на град. Слично време се очекува и во утрешниот ден со обилни врнежи и поретка појава на грмежи. Наместа се најавуваат и по 20 литри вода на квадратен метар.
Од УХРМ препорачуваат поголема внимателност во случај на појава на електрични празнења и да се избегнува престој на отворен простор и под осамени дрвја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.